• петок, 05 декември 2025

Хрватска ќе стане дел од Коалицијата за дронови за поддршка на Украина

Хрватска ќе стане дел од Коалицијата за дронови за поддршка на Украина

Рига, 6 септември 2025 (МИА) – Хрватска планира да се приклучи на меѓународната Коалиција за дронови предводена од Летонија и Велика Британија, чија цел е безбедна набавка на беспилотни летала и поддршка на Украина, соопшти хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Радман, кој е во официјална посета на Рига, истакна дека Хрватска и Летонија споделуваат слична историја и се добри партнери, со простор за унапредување на соработката.

Коалицијата за дронови, основана во февруари 2023 година, има цел да обезбеди предност за Украина преку стабилни испораки на беспилотни летала и развој на западното производство.

Во неа веќе членуваат Велика Британија, Летонија, Украина и низа земји од ЕУ и НАТО, како и Австралија, Канада и Нов Зеланд. ссм/

фото: архива

Остани поврзан