Хрватската опозициска СДП ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата за бојкот на продавниците
- Највлијателната парламентарна партија во Хрватска, Социјалдемократската партија (СДП), ги повика граѓаните ширум земјата да ја поддржат иницијативата за бојкот на трговците.
Загреб, 21 јануари 2025 (МИА) – Највлијателната парламентарна партија во Хрватска, Социјалдемократската партија (СДП), ги повика граѓаните ширум земјата да ја поддржат иницијативата за бојкот на трговците.
Тие ја споделија страницата „Ало инспектор“ на Фејсбук, која ја води Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ЕЦИП) и порачаа дека е неопходен бојкот на трговците.
Акцијата за поддршка на бојкотот на трговците се смета за најголема досега бидејќи во неа учествуваа членови од сите нивоа на партијата од цела Хрватска, а од СДП нагласуваат дека не застануваат тука бидејќи „бојкотот и протестите се неопходни, но клучот е нова одговорна политика која ќе каже „не“ на екстра профитот.
Најавија дека на денот на бојкотот, петок, на јавноста ќе и ги претстават своите насоки за системска борба против инфлацијата.
„Ова е моментот кога граѓаните, со нашата безрезервна поддршка, јасно испраќаат порака дека ги преземаат работите во свои раце бидејќи актуелната власт ја изгуби контролата врз ситуацијата, изјави претседателот на партијата Синиша Хајдаш Дончиќ.
Тој додаде дека замрзнувањето на цените на одредени производи е само привремено решение „бидејќи се потребни долгорочни промени преку левичарски економски политики кои се спротивставуваат на екстра профитот“. јт/
Фото: СДП Фејсбук