• петок, 12 јули 2024

Хрватите во приватна ауденција кај Папата пред почетокот на ЕВРО2024

Хрватите во приватна ауденција кај Папата пред почетокот на ЕВРО2024

 

Ватикан, 5 јуни 2024 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Хрватска го посети денеска Ватикан пред претстојното Европско првенство, кое стартува идната недела.

„По пристигнувањето во Рим, хрватските фудбалери присуствуваа на аудиенција кај папата“, објави попладнево прес-службата на Хрватскиот фудбалски сојуз илустрирајќи ја посетата со фотографии на социјалните мрежи.

Хрватска во понеделникот ја совлада Македонија со 3-0 во Риека во претпоследниот натпревар на избраниците на селекторот Златко Далиќ пред почетокот на Европско првенство, кое ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

Избраниците на Далиќ се во група со Шпанија, Италија и Албанија. ег ФОТО: ХНС/Фејсбук

Остани поврзан