• недела, 22 декември 2024

Хоџај: На Шпанија и другите европски земји не им служи на чест да бидат „во ист брод со Русија“ во однос на Косово

Хоџај: На Шпанија и другите европски земји не им служи на чест да бидат „во ист брод со Русија“ во однос на Косово

Приштина, 25 мај 2024 (МИА) – Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај го нарече „демократско лицемерие“ признавањето на Палестинската држава од страна на Шпанија надвор од Договорот од Осло, додека воедно одбива да ја признае независноста на Косово, наведувајќи го како причина процесот на косовско-српскиот дијалог со посредство на Брисел, јави дописникот на МИА Приштина.

Заменик-претседателот на Собранието од редовите на опозициската Демократска партија на Косово, Хоџај, преку напис на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер, порача дека на Шпанија и на другите европски земји не им им служи на чест „да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово“.

„Шпанија сè уште одбива да ја признае најмладата европска држава, Косово, повикувајќи се на процесот на дијалог во Брисел, но сепак ја признава Палестина, надвор од Договорот од Осло. Не им служи воопшто на чест на Шпанија и на другите европски земји да бидат во ист брод со Русија кога е во прашање Косово. Дипломатско лицемерие?“, напиша Хоџај. иа/
 

 
 

 

 

Остани поврзан