• четврток, 17 октомври 2024

Хоспитализиран новиот привремен премиер на Хаити

Хоспитализиран новиот привремен премиер на Хаити

Порт-о-Пренс, 9 јуни 2024 (МИА) – Премиерот на преодната влада на Хаити, Гари Конил, наводно е хоспитализиран во главниот град Порт-о-Пренс, јади ДПА.

Конил боледува од хронична астма и има тешкотии со дишењето, јавија синоќа медиумите во карипската држава, цитирајќи луѓе блиски до него. Се прават и подготовки за префрлање на премиерот во болница во странство.

Кон крајот на мај, преодниот претседателски совет на Хаити го избра Конил, кој беше премиер од септември 2011 до мај 2012 година, за привремен премиер за да ја изведе карипската држава од сериозната политичка криза.

Во екот на сериозна криза која вклучува политички конфликти, безбедносни и проблеми со снабдувањето, Конил доби задача да го отвори патот за првите избори од 2016 година.

Насилството од вооружените банди, кои според податоците на ОН веќе контролираат околу 80 проценти од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, повторно ескалираа на крајот на февруари. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан