• петок, 22 ноември 2024

Онлајн критиките на новиот закон за национална безбедност на Хонг Конг може да се казнуваат

Онлајн критиките на новиот закон за национална безбедност на Хонг Конг може да се казнуваат

Хонг Конг, 25 март 2024 (МИА) - Регионалниот министер за правда на Хонг Конг, Пол Лам, предупреди дека споделувањето критики на интернет за новиот закон за национална безбедност може да се казнува според законодавството, кое вклучува казни за сепаратистичка активност.

Законот, кој стапи на сила завчера, предвидува казни до доживотен затвор за предавство, бунт, шпионажа, саботажа и „надворешно мешање“.

Тоа, исто така, го проширува кривичното дело „сепаратистичка активност“ на поттикнување омраза против кинеската Комунистичка партија.

Пол Лам во вчерашното телевизиско интервју објасни дека лице кое споделува критики на интернет од други земји или корисници во странство може да изврши кривично дело, во зависност од нивната „намера и цел“.

„Екстремно сценарио може да биде некој да ја објави (критиката) на интернет затоа што се согласува со неа, додавајќи коментари, дополнителни забелешки, со единствена цел да ги поттикне другите жители на омраза“, рече Лам. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан