• петок, 22 ноември 2024

Холандија им препорача на самците да си најдат „секс-другарче“

Холандија им препорача на самците да си најдат „секс-другарче“
Амстердам, 19 мај 2020 (МИА) - Националниот институт за јавно здравје и животна околина на Холандија им препорача на граѓаните самци, да си најдат партнер/-ка за секс во време на изолацијата и физичката оддалеченост, кои сѐ уште траат и се во сила. „Нормално е, како поединец да посакате и физички контакт... Разговарајте за тоа како е најдобро да го направите тоа. На пример, запознајте се со лицето со кое би сакале физички или сексуален контакт (тоа може да биде и секс-пријател или колега), под услов - и двајцата да не сте болни. Разговарајте околу тоа - со колку луѓе сте во контакт, оти колку што тој број е поголем, толку и можноста за ширење на коронавирусот, е поголема", се истакнува во официјалниот документ. Но, Институтот нагласува да не влегувате во сексуални односи со човек што е во карантин поради сомнеж од зараза. Овие нови препораки, според многумина, би го намалиле стресот, напнатоста и фрустрацијата кај населението. Податоци од ново истражување на Институтот Кинси, посочуваат дека живот без секс при пандемија може да влијае на целокупното физичко и психичко здравје, вклучувајќи го тука крвниот притисок, стресот, па дури и зголемен ризик од рак на простатата кај мажите кои подолго апстинираат.  си/ссм/

Остани поврзан