• сабота, 20 јули 2024

Републиканката Ники Хејли обезбеди поддршката oд конзервативната републиканска група

Републиканката Ники Хејли обезбеди поддршката oд конзервативната републиканска група

Вашингтон, 28 ноември 2023 (МИА) - Конзервативната американска политичка мрежа „Американци за просперитетна акција“ (АПА), која ја предводи милијардерот Чарлс Кок, денеска соопшти дека јавно и финансиски ќе ја поддржи Ники Хејли за републиканската претседателска номинација за претседателските избори во 2024 година.

Припадниците на таа неформална група се за намалување на даноците и државната регулатива, и претходно порачаа дека победата над Трамп им е „главен приоритет“, бидејќи сметаат дека тој нема шанси да го победи актуелниот претседател на САД. Џозеф Бајден, на претстојните претседателски избори во 2024 година.

„Ние би поддржале кандидат кој е способен да сврти нов лист од токсичната култура на Вашингтон - и кандидат кој може да победи. Заклучивме дека Ники Хејли е таков кандидат“, се наведува во соопштението за печатот на АПА.

Тие наведуваат дека Хејли, поранешна американска амбасадорка во Обединетите нации и поранешен гувернер на Јужна Каролина, е во најдобра позиција да го победи Трамп на републиканските внатрепартиски избори за кандидат на претседателските избори, а наводно, интерните анкети кои ги спроведе групата покажуваат дека Хејли „е далеку најсилниот“ кандидат да го победи Бајден. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан