• четврток, 04 декември 2025

Херцог ќе се сретне со папата Лав Шеснаесетти во Ватикан

Херцог ќе се сретне со папата Лав Шеснаесетти во Ватикан

Рим, 2 септември 2025 (МИА) – Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе отпатува во Ватикан каде ќе се сретне со папата Лав Шеснаесетти, соопшти претседателскиот кабинет.

Еднодневната посета, иницирана од Светата столица, ќе биде фокусирана на напорите за враќање на заложниците од Газа, борбата против антисемитизмот низ светот и заштитата на христијанските заедници на Блискиот Исток, според соопштението од канцеларијата на Херцог.

Тој ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, и ќе ја посети Ватиканската библиотека.

Херцог присуствуваше на инаугурацијата на папата во мај. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан