• петок, 22 ноември 2024

Хелез: БиХ е само на чекор од поканата за полноправно членство во НАТО

Хелез: БиХ е само на чекор од поканата за полноправно членство во НАТО

Бања Лука, 8 април 2024 (МИА) - Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска во Сараево изјави дека БИХ е само на чекор од поканата за полноправно членство во НАТО, додавајќи дека има сигнали дека ќе добие статус за полноправно членство во Алијансата.

„Мило ми е што НАТО алијансата во своите неодамнешни изјави конкретно ја означи Босна и Херцеговина како земја најблиску до полноправно членство во алијансата и што наведе дека нашата земја многу брзо може да добие статус на кандидат за приклучување кон оваа Алијанса“, рече Хелез на отворањето на Конференцијата на стратешки воени партнери, на која присуствуваа претставници на НАТО и Босна и Херцеговина.

Тој изрази надеж дека БиХ, по приемот на Шведска во НАТО, ќе биде следната полноправна членка.

Министерот за одбрана на БиХ изјави дека конференцијата е важна, бидејќи постепено ќе генерира нови експерти или инструктори, додавајќи дека без такви ресурси нема напредок.

Тој нагласи дека државните политики и стратегии на Босна и Херцеговина „јасно ја изразуваат амбицијата за целосна интеграција на земјата во евроатлантските политички, економски и безбедносни структури“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан