• сабота, 22 февруари 2025

Хегсет: Европа мора сега повеќе да инвестира во одбраната бидејќи присуството на САД на континентот нема да трае засекогаш

Хегсет: Европа мора сега повеќе да инвестира во одбраната бидејќи присуството на САД на континентот нема да трае засекогаш

Варшава, 14 февруари 2025 (МИА) - Европските земји мора сега да инвестираат во одбраната бидејќи не е можно да се претпостави дека американското присуство на континентот ќе трае засекогаш, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет за време на посетата на Варшава.

Тој ја пофали Полска, која како членка на НАТО планира годинава да потроши 4,7 отсто од својот БДП за одбраната.

Американскиот секретар за одбрана на прес-конференција ги повика европските земји-членки на НАТО сега повеќе да инвестираат во одбраната бидејќи американското присуство на континентот нема да трае засекогаш, имајќи предвид дека САД, како што наведе, се соочени со многу закани, вклучувајќи ја и Кина. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан