• сабота, 04 мај 2024

Хасенхутл го менува Ковач на чело на Волфсбург

Хасенхутл го менува Ковач на чело на Волфсбург

Волфсбург, 17 март 2024 (МИА) - Волфсбург брзо најде замена за отпуштениот тренер на тимот Нико Ковач. „Волците“ официјално објавија дека нов тренер на тимот е Австриецот Ралф Хасенхутл.

Педесет и шест годишниот стручњак потпиша долгорочен договор со Волфсбург и во вторник ќе го одржи првиот тренинг на тимот. Хасенхутл последен пат беше на чело на Саутемптон помеѓу декември 2018 и ноември 2022 година. Тој исто така има искуство во Бундеслигата како тренер во РБ Лајпциг и Инголштад.

Со Лајпциг, Хасенхутл заврши на второто место во дебито на тимот во Бундеслигата и се квалификуваше за Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Следната година успева да го задржи местото на тимот во елитата, но заминува.

Како што е познато, Волфсбург е во криза, откако има 11 првенствени натпревари во низа без победа и запиша трет последователен пораз вчера против Аугсбург. „Волците“ се 14-ти на табелата и шест бода над местата за пласман во баражот.

Официјалното претставување на новиот тренер на тимот ќе биде утре. дс

Фото: Твитер/Волфсбург

Остани поврзан