• сабота, 14 септември 2024

Харис вели дека се разликува од Бајден затоа што нуди „лидерство на новата генерација“

Харис вели дека се разликува од Бајден затоа што нуди „лидерство на новата генерација“

Џонстаун, 14 септември 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите за шеф на државата на претстојните избори, Камала Харис, изјави дека се разликува од претседателот Џо Бајден затоа што нуди „лидерство на новата генерација“.

Прашана да објасни во што се разликува од актуелниот претседател, Харис во своето прво соло телевизиско интервју откако стана претседателски кандидат на Демократската партија, кажа дека „е очигледно оти таа не е Џо Бајден и оти нуди лидерство на новата генерација“, додавајќи дека работите што некогаш биле земани здраво за готово повеќе не можат да се игнорираат.

Како една од мерките која е неопходна ја посочи забраната за поседување автоматско оружје. Таа го обвини нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп дека поседува оружје и оти шири „омраза и поделеност“ и смета дека луѓето во САД веќе се „исцрпени“ од неговиот стил на лидерство.

- На пример, друг план што го имам, што е нов пристап, е да го проширам даночниот кредит на 6.000 долари за младите семејства за првата година од животот на нивното дете, бидејќи тоа е очигледно многу критична фаза од развојот на детето. Мојот пристап е поврзан со нови идеи, нови политики кои се однесуваат на сегашниот момент, рече Харис.

Интервјуто беше дадено во Џонстаун, Пенсилванија, каде што Харис беше вчера одржа предизборен митинг.

Трамп, неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот Џеј-Ди Венс, и други републиканци ја критикуваа Харис дека  избегнува интервјуа не контактира со новинарите кои известуваат за настаните од нејзината кампања. Минатиот месец таа и нејзиниот потпретседателски кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Волц, дадоа заедничко интервју за Си-Ен-Ен.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан