• недела, 22 декември 2024

Харвард вложува 100 милиони долари за истражување на историските врски со ропството  

Харвард вложува 100 милиони долари за истражување на историските врски со ропството  

Вашингтон, 27 април 2022 (МИА) - Универзитетот Харвард објави дека одвојува 100 милиони долари за истражувања на историските врски на оваа престижна високообразовна установа со ропството, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

Во центарот на оваa програма ќе биде работа на „процес на пресметки и поправки“. 

Харвард е последниот престижен универзитет кој вети да го истражи сопственото минато  поврзано со робовладетелството во САД.  

Вкупната годишна сума на донации што установата ја добива е околу 50 милијарди долари. 

Универзитетот неодамна објави извештај за неговите врски со робовладетелството, листа на препораки за идните чекори и креирање „фондација за оштета“. 

- Харвард имаше бенефит и на некој начин одржуваше практики што беа длабоко неморални, изјави претседателот Лоуренс С. Бејкау. 

Извештајот повикува на „идентификација, ангажман и поддршка“ на директните потомци на робовите кои работеле во раната историја на универзитетот, меѓу кои се робови Афроамериканци и домородни Американци. Со ова, установата сака да овозможи едукативни можности на пошироки групи кои главно биле исклучени од можноста да учат на Харвард. 

Планирано е и поголема соработка и партнерство со традиционалните афроамерикански унверзитети во САД. 

На пример, од достапните документи се знае дека повеќе од 70 луѓе биле во сопственост на вработени и донатори на Харвард. 

Слични програми за истражување на сопственото минато најавија неколку значајни институции во САД како Семинарот за теологија на Принстон, универзитетот Браун и Езуитскиот католички ред, кој продавал робови за да ги исплати долговите за изградба на универзитетот Џорџтаун. кб/паг/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан