• четврток, 25 јули 2024

Хамас ја потврди смртта на командантот Гандура

Хамас ја потврди смртта на командантот Гандура

Газа, 26 ноември 2023 (МИА) - Хамас денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа загинал командантот Ахмед ал-Гандура. Но, не е прецизирано кога загинал Гандура.

Тој беше член на военото крили на Хамас и командант во северниот дел на Појасот Газа.

Хамас исто така ја потврди и смртта на Ајман Саим, кој ја предводеше ракетната единица, како и на други двајца команданти – Ваел Раџаб и Рафат Салман. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан