Хамас соопшти кои 30 Палестинци ќе бидат разменети вечерва
- Хамас именуваше 30 палестински затвореници кои очекува вечерва да бидат ослободени во замена за израелски, што ќе биде седма ваква размена по ред.
Тел Авив, 30 ноември 2023 (МИА) – Хамас именуваше 30 палестински затвореници кои очекува вечерва да бидат ослободени во замена за израелски, што ќе биде седма ваква размена по ред.
Списокот содржи осум жени и 22 деца.
„Тајмс оф Израел“ во меѓувреме јави дека израелските заложници кои треба да бидат ослободени денеска ќе бидат префрлени во Црвениот крст во различни времиња и места бидејќи ги држат палестински екстремисти во различни области на Газа.
Двајца државјани на Израел, 21-годишната Миа Шем и 40-годишниот Амит Соусана веќе се ослободени. јт/
Фото: ЕПА архива