Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст
- Палестинската милитантна група Хамас денеска ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст во Појасот Газа. Преносот во живо од Кан Јунис прикажа сцена со насобрани луѓе кои аплаудираа, додека вооружени милитанти со маски ја надгледуваа церемонијата.

Тел Авив, 20 февруари 2025 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас денеска ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст во Појасот Газа. Преносот во живо од Кан Јунис прикажа сцена со насобрани луѓе кои аплаудираа, додека вооружени милитанти со маски ја надгледуваа церемонијата.
Четири црни ковчези беа изложени на подиумот, зад кој имаше постер со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прикажан како крвав вампир над фотографиите од четворицата загинати. „Воениот злосторник Нетанјаху и неговата армија ги убија со ракети од ционистички борбени авиони“, пишуваше покрај фотографиите. Израелска телевизија го нарече настанот „театар на теророт“.
Hamas literally assembled a stage to display the caskets of an elderly man, a young mother, and two small children whom they kidnapped and murdered on October 7.
— Emily Schrader - אמילי שריידר امیلی شریدر (@emilykschrader) February 20, 2025
The spectacle was welcomed by cheering, yes cheering, Gazans.
There are no words for this depravity. pic.twitter.com/smIoIAzuaN
Според Хамас, меѓу загинатите се и Шири Бибас и нејзините два сина, Ариел и Кфир. Израел најави дека ќе ги провери идентитетите на телата.
Ова е прво враќање на тела на израелски жртви од почетокот на војната во Газа, која започна по масакрот извршен од Хамас на 7 октомври 2023 година. Израелската армија претходно успеа да пронајде и врати неколку тела на заложници од Газа.
Хамас тврди дека членовите на семејството Бибас загинале во израелски воздушни напади во првите месеци од војната. ссм/
фото: примтскрин