Халанд: Имавме подобри времиња и ќе ги гледаме повторно
- Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд проговори за ситуацијата во која се најде клубот.

Манчестер, 3 декември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд проговори за ситуацијата во која се најде клубот.
-Видовме подобри времиња и ќе ги видиме повторно. Продолжуваме да веруваме - напиша Халанд на социјалните мрежи.
На последните седум натпревари „Граѓаните“ немаат ниту една победа и шест пати беа поразени.
Избраниците на Пеп Гвардиола во неделата загубија (0:2) од Ливерпул во 13. коло од Премиер лигата.
Дваесет и четиригодишниот норвешки напаѓач во лошата серија учествуваше на шест меча и на нив постигна три гола. зс/
Фото: ЕПА