Гасперини за поразот од Торино: Не сум разочаран, многу сум задоволен од натпреварот
- Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше поразот од Торино во осминафиналето на Купот на Италија.
Рим, 14 јануари 2026 (МИА) – Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше поразот од Торино во осминафиналето на Купот на Италија.
- Видов многу добри работи. Двапати се вративме. Крајот беше разочарувачки, бидејќи мислевме дека ќе се оди на пенали. Не сум разочаран, многу сум задоволен од натпреварот. Единственото разочарување беше голот што го примивме во 90. минута. Но, задоволен сум од духот што го покажаа момците. Беше добар натпревар. Ако целта е да развиваме млади играчи, ќе го постигнеме тоа, истакна Гасперини за „Спорт Медиасет“.
Рома е елиминирана од турнирот, а Торино ќе се соочи со Интер во четвртфиналето. зс/
Фото: ЕПА