Ф1: Шпанецот Саинц стартува прв во Монца
- Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) ќе стартува од пол-позицијата на денешната Голема награда ма Италија во Формула 1 во Монца, откако во последниот круг во квалификациите го престигна водечкиот во генералниот пласман и актуелен шампион Макс Верстапен (Ред Бул).
Монца, 3 септември 2023 (МИА) – Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) ќе стартува од пол-позицијата на денешната Голема награда ма Италија во Формула 1 во Монца, откако во последниот круг во квалификациите го престигна водечкиот во генералниот пласман и актуелен шампион Макс Верстапен (Ред Бул).
Трет ќе стартува клупскиот колега на Саинц, Шарл Леклер, пред четвртопласираниот Џорџ Расел (Мерцедес).
Саинц го престигна Верстапен за само 13 илјадинки делови од секундата за негова четврта најдобра стартна позиција во кариерата.
Шпанецот само еднаш триумфираше во кариерата, и тоа лани во Силверстон, а денеска ќе се обиде да го спречи продолжението на рекордната серија на Верстапен, кој триумфираше на последните девет трки.
Стартот на трката на патеката во Монца е во 15 часот. ег/
Фото: Твитер