• петок, 05 декември 2025

ФФМ го предаде Пелистер на Дисциплинска комисија

ФФМ го предаде Пелистер на Дисциплинска комисија

Скопје, 26 август 2025 (МИА) - По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија.

Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ, објави денес ФФМ.

Натпреварот се одигра вчера во Кавадарци и заврши со резултат 2:0 за Пелистер. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан