• вторник, 21 мај 2024

Фудбалери на ПСЖ се незадоволни од трансфер-политиката на клубот

Фудбалери на ПСЖ се незадоволни од трансфер-политиката на клубот

Париз, 17 февруари 2023 (МИА) – Некои фудбалери на францускиот фудбалски шампион ПСЖ не се задоволни од трансфер-политиката на клубот, што доведе до тензична атмосфера во соблекувалната на тимот, пишува „Л’Екип“.

На водечките играчи на парискиот тим не им е јасно зошто клубот ги пушти Леандро Паредес, Идрис Геј и Јулијан Дракслер, а на нивно место ги презеде Витињо, Фабијан Руиз и Карлос Солер.

Исто така, играчите се незадоволни од потписот на Хуго Екитике, чија работа, според нив, можеше да ја заврши и членот на академијата на ПСЖ, Арно Калимуендо.

Претходно беше објавено дека главниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, би можел да добие отказ на почетокот на март поради лошите резултати на тимот. зс/

Остани поврзан