Фудбалерите и тренерот на Интер одбија да дадат изјави по натпреварот со Лацио
- Фудбалерите на Интер и нивниот тренер Симоне Инзаги го игнорираа пресот по натпреварот од 37. коло во Серија А.
Милано, 19 мај 2025 (МИА) - Фудбалерите на Интер и нивниот тренер Симоне Инзаги го игнорираа пресот по натпреварот од 37. коло во Серија А.
Натпреварот се одигра синоќа во Милано и заврши нерешено 2:2. Фудбалерите на миланскиот клуб беа незадоволни од резултатот и од судењето на Даниеле Шифи, па одбија да разговараат со новинарите на прес-конференцијата.
Тренерот Инзаги доби црвен картон во 88. минута од натпреварот, откако беше досуден пенал за Лацио.
Пред последното коло во италијанското првенство, Интер е на второто место во поредокот со 78 бодови, со еден бод помалку од лидерот Наполи. зс/
Фото: ЕПА