ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
- Извршниот директор на компанијата со седиште во САД, Кент Мастерс, за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times - ФТ) изјави дека „нема доволно профит“ за да се пренасочи снабдувањето со овој клучен материјал за индустријата за електрични возила кон Западот, поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци.
Лондон, 19 ноември 2024 (МИА) - Компанијата „Албемарл“ (Albemarle), најголемиот производител на литиум во светот, соопшти дека не е економски исплатливо да се воспостави синџир на снабдување во Северна Америка и Европа што би ја презел контролата врз клучните минерали од Кина.
Извршниот директор на компанијата со седиште во САД, Кент Мастерс, за „Фајненшл тајмс“ (Financial Times - ФТ) изјави дека „нема доволно профит“ за да се пренасочи снабдувањето со овој клучен материјал за индустријата за електрични возила кон Западот, поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци.
- Се обидувавме да се пренасочиме кон Западот... но цените што моментално ги гледаме на пазарот не го дозволуваат тоа, рече Мастерс, додавајќи дека САД апсолутно ризикуваат да ја изгубат трката со Кина во конкуренцијата за литиум.
Цените на литиумот паднаа за повеќе од 80 проценти од почетокот на минатата година, поради глобалното забавување на продажбата на електрични возила и неповолната макроекономска околина, што ја намали побарувачката за овој метал, додека понудата продолжи да расте, пишува „Фајненшл тајмс“.
„На моменталното ниво на цени, новите учесници немаат поттик да влезат на пазарот,“ изјави Адам Мегинсон, висок аналитичар во „Бенчмарк минерал интелидженс“ (Benchmark Mineral Intelligence).
Падот на пазарот со литиум ги поткопува западните напори да изградат домашен синџир на снабдување со метали клучни за енергетската транзиција и да ја намалат зависноста од Кина, која има најголем дел од глобалните капацитети за преработка и некои од најголемите рударски компании.
Компанијата „Албемарл“ овој месец пријави квартален загуба од 1,1 милијарда долари поради ниските цени на литиумот и намали 6-7 проценти од бројот на вработени како дел од планот за намалување на трошоците. ссм/
фото: пиксабеј