• понеделник, 23 декември 2024

Френки де Јонг: Штета што Меси не се врати во Барселона, тој секогаш одлучува за исходот на натпреварите

Френки де Јонг: Штета што Меси не се врати во Барселона, тој секогаш одлучува за исходот на натпреварите

Барселона, 12 јуни 2023 (МИА) - Френки де Јонг жали што Лионел Меси не се врати во Барселона.

 

- Мислам дека секој тим би сакал Лионел да игра за нив, бидејќи тој одлучува за исходот на натпреварите секогаш, секаде. Штета што не се врати во Барселона. Би бил среќен поради тоа, би било одлично, го цитира „Goal.com“ играчот од средниот ред на каталонскиот клуб.

 

Меси по две години поминати во Пари Сен-Жермен, одлучи кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига, како играч на Интер Мајами. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан