• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Францускиот Уставен суд донесе одлука според која политичар може да биде сменет од функцијата пред завршување на сите правни постапки

Францускиот Уставен суд донесе одлука според која политичар може да биде сменет од функцијата пред завршување на сите правни постапки

Париз, 28 март 2025 (МИА) - Уставниот суд на Франција донесе одлука според која, политичар може да биде сменет од функцијата или да му биде оневозможено да се кандидира за избори, дури и пред да бидат завршени сите правни постапки, објави бриселскиот портал „Политико“.

Иако одлуката е донесена во врска со друг случај, таа би можела да влијае и на случајот на лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен „поради измама“, наведува бриселскиот портал.

Уставниот суд, сепак, одлучи да се ограничи на анализа на случајот на локалните функционери, без да навлегува во пошироките правни импликации кои би можеле да влијаат на случајот на Ле Пен. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан