• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

САД воведоа визни санкции за кинески официјални лица поради ограничувања за пристап до Тибет

САД воведоа визни санкции за кинески официјални лица поради ограничувања за пристап до Тибет

Вашингтон, 1 април 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД вовеле дополнителни визни санкции за кинески официјални лица поради политиката на Пекинг за ограничување на пристапот на странци до Тибет.

„Долго време Кинеската комунистичка партија (ККП) одбива да им даде пристап на американските дипломати, новинари и други меѓународни набљудувачи до Тибетскиот автономен регион, додека кинеските дипломати и новинари имаат широка слобода на движење во САД“, изјави Рубио.

Во неговото соопштение не се наведени имињата на санкционираните кинески функционери, ниту деталите за самите ограничувања.

„Американските дипломати, исто така, немаат можност да обезбедуваат конзуларни услуги за американските граѓани што патуваат во Тибет. Овој недостиг на реципроцитет е недопустлив и нема да биде толериран“, порача Рубио.

Тој повика Кина да им овозможи „неограничен пристап“ на американските дипломати и други претставници до Тибет. ссм/

фото: архива

Остани поврзан