• петок, 22 ноември 2024

Французин обвинет поради што дозволил десетици мажи да ја силуваат неговата дрогирана сопруга

Французин обвинет поради што дозволил десетици мажи да ја силуваат неговата дрогирана сопруга

Париз, 2 септември 2024 (МИА) – Во Франција почна судењето против 71-годишниот пензионер од Авињон поради што ја дрогирал сопругата и дозволил 72 мажи да ја силуваат.

Тој мажите ги наоѓал преку интернет, а полицијата идентификува само 51 маж на возраст од 26 до 74 години. Жената трпела сексуално насилство цела деценија, но не била свесна бидејќи била под силни седативи.

Полицијата соопшти дека на неговиот компјутер пронашла стотици слики и видеа од неговата сопруга, видно онесвестена и главно во положба на фетус.

Полицијата почна да го истражува обвинетиот Доминик П. во септември 2020 година, кога тој беше фатен како тајно снима под здолништата на три жени во трговски центар. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан