Франција повика министри за надворешни работи на западноевропски земји на разговори за Украина
- Франција ги повикала министрите за надворешни работи на Украина, Германија, Полска, Италија, Шпанија, Велика Британија и Европската унија, како и новиот американски државен секретар Марко Рубио, на состанок за Украина на 12 февруари.
Париз, 29 јануари 2025 (МИА) – Франција ги повикала министрите за надворешни работи на Украина, Германија, Полска, Италија, Шпанија, Велика Британија и Европската унија, како и новиот американски државен секретар Марко Рубио, на состанок за Украина на 12 февруари.
Според дипломатски извори, се уште не е познато дали на овие разговори ќе присуствува новиот американски државен секретар Марко Рубио.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска изјави дека само европските безбедносни гаранции за Украина, без американските гаранции, нема да бидат доволни, бидејќи, како што наведе, рускиот лидер Владимир Путин не се плаши од Европа. јт/