Франција одбележува 10 години од нападот на „Шарли Ебдо“
- Франција денеска ќе ја одбележи 10-годишнината од терористичкиот напад на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“. На комеморацијата ќе присуствуваат претседателот Емануел Макрон, министри и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.
Париз, 7 јануари 2025 (МИА) - Франција денеска ќе ја одбележи 10-годишнината од терористичкиот напад на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“. На комеморацијата ќе присуствуваат претседателот Емануел Макрон, министри и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.
На 7 јануари 2015 година, двајца браќа терористи влегоа во редакцијата на „Шарли Ебдо“ и убија 12 лица, поради објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед кои предизвикаа гнев во муслиманскиот свет, потсетува ДПА.
Во наредните денови, напади беа извршени врз полициски службеник и еврејски супермаркет, со што вкупниот број на жртви достигна 17. Напаѓачите беа убиени од безбедносните сили.
Нападот на „Шарли Ебдо“ го означи почетокот на серија исламистички терористички напади во Франција, кои во наредните години однесоа над 230 животи. ссм/
фото: ЕПА