• недела, 05 мај 2024

Франција: На и ЕУ и треба индустриска стратегија

Франција: На и ЕУ и треба индустриска стратегија

Париз, 16 јануари 2023 (МИА) – Франција се залага ЕУ да одговори на американските субвенции за „зелени“ инвестиции со индустриска стратегија со цел да се спречи заминувањето на компаниите од Европа и да се намали зависноста на членките од надворешни добавувачи, се наведува во владиниот документ.

Затоа имплементацијата на амбициозната и силна европска индустриска политика е од клучно значење денес, а француската Влада предлага таа да се обликува како стратегија „Произведено во Европа“, се истакнува во документот, во кој имале увид француските медиуми.

Во документот Париз повикува на итни мерки, пред сè за задржување на европските компании во секторите на соларни панели, батерии, водород и клучни суровини, нагласувајќи дека стратегијата „Произведено во Европа“ треба да се заснова на четири столба.

Првиот столб би биле специфичните цели на ЕУ за намалување на зависноста од надворешни добавувачи и поставување цели за производство до 2030 година во клучните сектори, што би биле регулирани со законите на ЕУ, по моделот на европскиот закон за чипови.

ЕУ, исто така, ќе мора да го поедностави и забрза издавањето дозволи за нови производствени капацитети и да го реструктурира енергетскиот пазар за да им обезбеди на европските компании енергија по пристапни цени, сугерира Франција.

Вториот столб ќе биде итна промена на регулативите за државна помош за да се овозможи временски ограничено продолжување на стимулациите за пандемијата на кризата за компаниите во целните сектори.

Државите би им помогнале на компаниите со субвенции или даночни олеснувања за да им обезбедат сигурност при донесувањето на инвестициските одлуки.

Третиот столб би било европското финансирање на чувствителните сектори со цел да се неутрализираат разликите во фискалниот капацитет помеѓу земјите-членки на ЕУ. На ниво на Унијата би можел да се формира фонд, кој поволно ќе се задолжува и ќе испраќа пари во вид на евтини кредити на земјите членки.

Париз, исто така, предлага формирање „кризен фонд“ и прераспределба на парите што ЕУ одлучи да ги добие за други цели и нивно насочување во стратешки проекти за европската индустрија, покрај државната помош на ниво на земји.

Конечно, до крајот на годината ЕУ треба да формира нов „стабилизациски фонд“ кој ќе ги преземе средствата од фондот за вонредни состојби и ќе им помогне на чувствителните сектори.

Последниот столб на стратегијата ќе биде целосно мобилизирање на трговската политика, вклучувајќи ги неодамнешните инструменти за заштита на трговијата, сугерира Париз во документот. ми/

Остани поврзан