• недела, 22 декември 2024

Франција го поддржа „Планот за победа“ на Зеленски

Франција го поддржа „Планот за победа“ на Зеленски

Киев, 19 октомври 2024 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го поддржа планот на Украина за ставање крај на војната со Русија, велејќи денеска во Киев дека ќе работи со украинските власти за да обезбеди поддршка од другите земји за предлог.

Таканаречениот „План за победа“, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски и го претстави на јавноста претходно оваа недела, предвидува клучен елемент - официјалната покана на Украина за НАТО, која Западот не сака да ја разгледа додека не заврши војната.

Предлогот во моментов го разгледуваат западните партнери на Украина, чија помош е од витално значење за Киев да и се спротивстави на Русија.

-Руска победа би била победа на правото на силните и би го турнала меѓународниот поредок во хаос, рече Баро на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Андриј Сибих.

„Затоа нашата соработка треба да ни овозможи да напредуваме на планот за победа на претседателот Зеленски и да собереме што поголем број земји околу него“, рече францускиот министер.

Баро исто така рече дека Франција ќе ја испорача првата серија борбени авиони Мираж 2000 на Украина во првите три месеци од 2025 година, со украински пилоти и механичари обучени да летаат и да го одржуваат авионот.

Од инвазијата во 2022 година, Франција е еден од најистакнатите воени, дипломатски и економски поддржувачи на Украина во Европа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан