• понеделник, 23 декември 2024

Форумот на Бајден со избирачите го следеле повеќе гледачи отколку средбата на Трамп

Форумот на Бајден со избирачите го следеле повеќе гледачи отколку средбата на Трамп
Вашингтон, 16 октомври 2020 (МИА) - Телевизискиот форум на кој претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, имаше разговор со избирачите, бил следен од повеќе телевизиски гледачи отколку сличниот настан со учество на републиканецот Доналд Трамп. Според податоците презентирани денеска од аналитичката служба „Нилсен“, емисијата на Еј-Би-Си со учество на Бајден ја гледале 12,29 милиони луѓе. Додека средбата на избирачите со Трамп, емитувана на Ен-Би-Си, била гледана од 10,39 милиони гледачи. Бајден и Трамп синоќа одржаа одделни ТВ форуми за разговор со избирачи, едниот во Филаделфија, Пенсилванија, а другиот во Мајами, Флорида. Средбите беа замена за откажаната дебата (која требаше да биде втора по ред), поради тоа што тестот за коронавирус на Трамп претходно беше позитивен. Комисијата за претседателски дебати предложи настанот да се оддржи виртуелно, но актуелниот претседател не прифати. Првата дебата меѓу претседателските кандидати се оддржа на 29 септември во Кливленд, сојузна држава Охајо. Третата дебата е закажана за 22 октомври во Нешвил, Тенеси. САД ќе одржат општи избори на 3 ноември. На нив ќе се избира претседател и потпретседател, сите 435 членови на Претставничкиот дом и третина од Сенатот, како и гувернери на 13 сојузни држави и територии. кб/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан