• понеделник, 23 декември 2024

Формула 1 започнува во јули со „драконски мерки“, соопшти извршниот директор на Ред Бул

Формула 1 започнува во јули со „драконски мерки“, соопшти извршниот директор на Ред Бул
Милтон Кинс, 4 мај 2020 (МИА) - Планот на Формула 1 да ја започне сезоната во Австрија на 5 јули вклучува многу строги мерки за стопирање на инфекцијата од коронавирус, изјави директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. - Секако, мерките за тестирање, истражување и ограничување на групните контакти ќе бидат драконски, но ние ќе ги прифатиме ако тоа ни овозможи да ја започнеме сезоната. Ако сè оди според планот, ќе биде добар пример да се следи и од другите патеки, вели Хорнер за „Аутоспорт“. Една од мерките е да се ограничат вработените во тимот на можеби 80 за секој. Тие ќе мора да бидат во ист хотел и да патуваат заедно. Контактот со членовите на другите тимови ќе биде забранет. - Планиравме не само заштитни мерки за луѓето во Формула 1, туку и за домаќините на трките. Контактите со навивачите и со нормалните граѓани, исто така, ќе бидат забранети. Ова Гран-при ќе биде се друго, освен традиционално,додава шефот.

Остани поврзан