• недела, 22 декември 2024

Формиран „Клуб на млади лидери-соработници“ на Градскиот музеј Крива Паланка

Формиран „Клуб на млади лидери-соработници“ на Градскиот музеј Крива Паланка

Крива Паланка, 31 јули 2024 (МИА) - „Егри Дере“ е името на клубот на млади лидери-соработници на Градскиот музеј Крива Паланка, основан во рамки на проектот „Не кулирај-Волонтирај и креирај!“.

Младите членови на клубот што за првпат се формира во установата добија волонтерски книшки и се приклучија на музејскиот клуб во кој досега има само почесни членови, заслужни за развој и афирмација на кривопаланечката култура, историја и наследство.

-Сите дваесет млади, вклучени во проектните активности, ќе продолжат со волонтерски активности во оваа локална музејска институција. Се очекува на клубот да му се приклучуваат нови волонтери кои имат интерес да дадат придонес во областа на етнологијата и традицијата во локалната заедница. Целта е да се спроведуваат нови акции кои ќе го идентификуваат и помовираат културното наследство, да ги јакнат лидерските и стручни вештини кај младите и да привлекуваат нови волонтери, информира Методи Цветковски од Регионалниот центар за соработка „Спектар“.

Проектот „Не кулирај - Волонтирај и креирај!“ го реализира РЦС "Спектар", Крива Паланка, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија, а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот „Не кулирај - Влонтирај и креирај!“ е кофинансиран од Општина Крива Паланка, а младите волонтери работат на истражување на традицијата и културното наследство од градот, подготвуваат приказни за автентични обичаи, места, знаменитости, личности од Крива Паланка.

Целта на проектот е преку волонтерска работа и соработка со заедницата овие млади луѓе да дадат придонес кон зачувување на трајните вредности на Општина Крива Паланка. ид/нд/

 

Остани поврзан