• вторник, 22 октомври 2024

Фон дер Лајен: Молдавија покажува дека сака европска иднина

Фон дер Лајен: Молдавија покажува дека сака европска иднина

Брисел, 21 октомври 2024 (МИА) - Молдавија покажува дека е независна, силна и сака европска иднина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, откако повеќе од половина од гласачите на референдумот во таа поранешна советска република го поддржаа пристапувањето на Молдавија во Европската унија.

Претседателот на Комисијата на социјалната мрежа Икс им честитала за резултатите на народот на Молдавија и на претседателката на таа земја, Маја Санду.

„Повторно го направивте тоа! Соочувајќи се со хибридната тактика на Русија, Молдавија покажува дека е независна, силна и сака европска иднина“, рече Фон дер Лејен.

Зборуваше и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која рече дека Европа е Молдавија и дека Молдавија е Европа.

„Нашата иднина ќе биде испишана заедно“, изјави Мецола за Икс и додаде дека лидерството и храброста на Санду „го сменија текот на историјата“.

Повеќе од половина од гласачите во Молдавија на референдумот гласаа за влез на земјата во Европската унија, покажуваат најновите резултати на Централната изборна комисија, по обработка на 98,42 отсто од гласачкиот материјал.

Според резултатите, 50,08 гласачи гласале за европска интеграција, а 49,92 отсто биле против. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан