• петок, 05 декември 2025

ПИОМ: Дела од мисијата „Цвеќето на мирот“ на светски познатиот Живко Поповски – Цветин отстапени на Фондот

ПИОМ: Дела од мисијата „Цвеќето на мирот“ на светски познатиот Живко Поповски – Цветин отстапени на Фондот

Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - По повод 40 години творење и 81 година живот, како и Денот на возрасните лица, 1 Октомври, истакнатиот уметник сликар и хуманист, Живко Поповски – Цветин на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија му отстапи на користење 15 свои дела - слики без надомест.

Договорот за отстапување на сликите, како што информираат од Фондот за ПИОМ, го потпишаа директорот на Фондот, Никола Мемов и сликарот Поповски.

На потпишувањето на договорот директорот на Фондот Мемов рече дека му преставува особена чест што делата на овој наш и светски уметник ќе ги красат нивните простории.

-Ние треба да се гордееме што во Македонија имаме уметник кој со својата благородна мисија, „Цвеќето на мирот“, го збогатува културното наследство на нашата земја и придонесува нејзиното име да се споменува, преку неговите дела насекаде во светот. Уште поголема е гордоста да ги имаме неговите дела кај нас во Фондот, кога се знае дека Живко Поповски - Цветин бил и кандидат за Нобеловата награда за мир и со својата мисија и работа ги поттикнува благородните чувства кај луѓето и покажува дека односите во светот треба да се темелат на мир, соработка и взаемно почитување, рече Мемов. сст/са/

Фото Фонд за пензиско и инвалидското осигурување на Македонија

 

Остани поврзан