• четврток, 04 декември 2025

Фолклорни ритми од Мексико, Полска, Романија, Србија и Македонија на градскиот плоштад во Кратово

Фолклорни ритми од Мексико, Полска, Романија, Србија и Македонија на градскиот плоштад во Кратово

Кратово, 19 август 2025 (МИА) - На градскиот плоштад „Павел Шатев“ во Кратово, вечерва во 18:30 часот, ќе се одржи Меѓународен фолклорен концерт на кој ќе настапат ансамбли од пет земји. Општина Кратово ги поканува сите љубители на народната традиција да уживаат во богата програма на традиционални ора, песни и народни носии, која ќе ги обедини културите од Мексико, Полска, Романија, Србија и од нашата држава.

-Петте културно - уметнички друштва ќе приредат богата програма со традиционални ора, песни, народни носии и уникатни изведби кои го спојуваат духот на различни народи на едно место. Да го прославиме пријателството меѓу народите преку музика, ора и култура, посочуваат од Општина Кратово.

На репертоарот е македонски фолклор во изведба на КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово и фолклорна музичка лепеза од Европа и Јужна Америка со настапите на: ФА „Мали Грозовиаци“ од Полска,  ФГ „Хочипилтзахуац“ од Мексико,  ФА „Соимусиана“ од Романија и АДЗНМ „Гусле“ од Србија. ид/дма/


Фото: Општина Кратово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан