• четврток, 04 декември 2025

Флик: Верувам дека Лопез ќе остане со нас

Флик: Верувам дека Лопез ќе остане со нас


Барселона, 31 август 2025 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханси Флик, верува дека Фермин Лопез ќе остане во каталонскиот клуб и големиот интерес од клубови од Премиер лигата за шпанскиот играч од средниот ред, јави денеска агенцијата ДПА.
Челзи наводно е заинтересиран да го ангажира Лопез пред крајот на преодниот рок, в понеделник, додека Њукасл и Тотенхем, исто така, се заинтересирани за 22-годишниот фудбалер на Барселона.
„Засега тој е тука“, изјави тренерот Барселона на прес-конференција пред денешното гостување против Рајо Ваљекано во рамки на Ла Лига.
„Разговарав со него и убеден сум дека ќе остане. Ќе бидам многу среќен кога ќе се затвори преодниот рок. Кога е расположен, тој е брилијантен – Фермин е многу агресивен играч, со и без топка. Тој ја сака Барса и неговото срце припаѓа на Барса“, додаде Флик. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан