• понеделник, 23 декември 2024

Флик би можел да се врати во Баерн

Флик би можел да се врати во Баерн

Минхен, 21 април 2024 (МИА) - Германскиот фудбалски стручњак Ханс-Дитер Флик е подготвен да се врати во Баерн, објавија некои тамошни медиуми.

Новинарите Патрик Штрасер и Максимилијан Кох пишуваат дека Флик се смирил со почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес и е подготвен да се врати во клубот.

Педесет и деветгодишниот Флик се повлече од тренерската функција во Баерн во 2021 година. Медиумите пишуваат дека една од причините се конфликтите со раководството на клубот околу трансферите.

Актуелниот тренер Томас Тухел ќе ја напушти функцијата по крајот на тековната сезона.

Се дознава дека за Германецот е заинтересирана и Барселона која е во потрага по замена за Чави, кој на лето ќе ги напушти Каталонците. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан