• понеделник, 23 декември 2024

Фицо го доби мандатот и рок од две недели да преговара за коалициска влада

Фицо го доби мандатот и рок од две недели да преговара за коалициска влада

Братислава, 2 октомври 2023 (МИА) - Претседателката на Словачка Зузана Чапутова денеска му го довери мандатот за формирање влада на Роберт Фицо, чија партија СМЕР-словачка социјалдемократија (СМЕР-ССД) освои најмногу гласови на парламентарните избори, но недоволно за да има мнозинство во парламентот. 

По средбата со Чапутова, Фицо на новинарите им изјави дека добил рок од две недели да ги заврши преговорите за формирање коалициска влада, пренесуваат британските медиуми.

-Тоа нема да биде лесен процес, но ќе направиме се за да има влада, рече Фицо. 

Партијата на Фицо, Смер-ССД освои речиси 23 отсто од гласовите на изборите одржани минатиот викенд, додека второпласираната Прогресивна Словачка (ПС) освои речиси 18 отсто од гласовите. 

Победата на партијата Смер-ССД претставува политичко враќање на проруската и антиамериканската политика, оценуваат американските медиуми. сд/

 

Остани поврзан