• петок, 20 декември 2024

ФИФА ќе ја одложи одлуката за избор на градови домаќини на СП 2026

ФИФА ќе ја одложи одлуката за избор на градови домаќини на СП 2026
Цирих, 7 јули 2020 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја одложи одлуката за избор на градови во кои ќе се играат натпреварите од Светското првенство во 2026 година, поради пандемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс. Мундијалот во 2026 година ќе се одржи во три земји - САД, Канада и Мексико. Соединетите држави ќе претстават 17 градови-кандидати за домаќини, Канада и Мексико - по три. Одлуката требаше да биде донесена во март, но поради пандемијата, состанокот на ФИФА беше презакажан за 7 јули. Сега одлуката повторно ќе биде одложена за неколку недели. ФИФА ќе одбере 16 од 23 предложени градови за да бидат домаќини на натпреварите, додека треба да се намали само бројот на американски градови. зс/

Остани поврзан