Финска се приклучува кон декларацијата за решение на израелско-палестинскиот конфликт со формирање две држави
- Процесот предводен од Франција и Саудиска Арабија претставува најзначаен меѓународен напор за создавање услови за решение за две држави изминатите години, објави шефицата на финската дипломатија Елина Валтонен на платформата Икс
Хелсинки, 5 септември 2025 (МИА) – Финска се приклучи на декларацијата за мирно решавање на палестинското прашање и спроведување на решение за две држави.
- Процесот предводен од Франција и Саудиска Арабија претставува најзначаен меѓународен напор за создавање услови за решение за две држави изминатите години, објави шефицата на финската дипломатија Елина Валтонен на платформата Икс.
Декларацијата е резултат на меѓународната конференција на ОН за деценискиот конфликт, организирана од Саудиска Арабија и Франција во јули. САД и Израел го бојкотираа настанот.
Првиот чекор наведен во декларацијата е да се стави крај на речиси двегодишната војна помеѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Појасот Газа.
Саудиска Арабија и Франција ги повикаа земјите-членки на ОН да ја поддржат декларацијата, која ги наведува „конкретните и неповратни чекори со јасни рокови“ за спроведување на решението за две држави.
За разлика од некои европски земји, како што се Шпанија и Норвешка, Финска не ја признава палестинската држава. ми/
фото: МИА архива