• петок, 06 март 2026

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ, на која, како што информираат од неговиот кабинет, била потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција.

Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Црна Гора и Република Северна Македонија, при што беше оценето дека односите меѓу двете држави ги карактеризираат пријателство, меѓусебна доверба и континуирана поддршка во области од заеднички интерес.

На средбата, Филков и Божовиќ се осврнале и на досегашните средби и постигнатите резултати од соработката, при што било истакнато дека постои простор за нејзино понатамошно продлабочување, особено преку поинтензивна размена на искуства, добри практики и институционална соработка во рамки на реформските процеси и усогласувањето со европското законодавство.

Филков и Божовиќ, се вели во соопштението, потенцирале дека соработката меѓу двете земји претставува значаен придонес кон стабилноста и европската перспектива на регионот, изразувајќи заедничка волја за понатамошно интензивирање на билатералните односи во областа на правдата. аа/вј/

Фото: Министерство за правда 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан