Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта
- Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните.
Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните.
- За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо и не преземаа ништо, сега ќе давале поддршка на бојкотот на маркетите. Граѓаните не се наивни и добро знаат кој е одговорен за состојбата. Точно знаат кој ги водеше лажните ПР кампањи со кошничките од кои цените не само што не се намалија, туку и пораснаа. Во целата брзоплетост повторно да спечалат некој политички поен, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба, напиша Филипче.
Според него, сега имаме невиден парадокс каде власта ќе протестира против сама себе.
- Ова е Монти Пајтон политика на Влада која изгубила контакт со реалноста после само осум месеци владеење. Мицкоски не го интересираат граѓаните и ова го докажува секој ден, објави Филипче. мд/аа/
Фото: Фејсбук на Венко Филипче