• четврток, 09 април 2026

Филипче: Мерките се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Филипче: Мерките се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Скопје, 5 април 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче оцени дека мерките на Владата се задоцнети, недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, бидејќи спиралата на покачување на цените веќе започнала.

-Мерките се задоцнети,  недоволни и нема да имаат апсолутно никаков ефект, поради тоа што спиралата на покачување на цените, веќе започна. Кога ние предупредувавме, дека треба да се воведат навремено, како што тоа го направија многу земји во регионот, власта беше без слух, едноставно не нѐ послуша и затоа е оваа ситуација, рече Филипче во одговор на новинарско прашање за време на денешната посета на село Криволак.

Кризата, според него, ќе станува се потешка, а граѓаните се повеќе ќе ја чувствуваат на својот грбот.

-За жал, власта е тотално неодговорна и заинтересирана само за себе и своите бизниси, додаде Филипче. дма/сст/

Фото: СДСМ

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=OtQuB9xlxgs

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан