• четврток, 25 април 2024

Филипинските власти почнаа со евакуација поради тајфунот Мавар

Филипинските власти почнаа со евакуација поради тајфунот Мавар

Манила, 29 мај 2023 (МИА) – Филипинските власти денеска наредија евакуација на илјадници жители, затворање на училишта и канцеларии и забрана за бродски превоз поради очекуваното пристигнување на тајфунот Мавар, кој се приближи до северните филипински провинции една недела откако помина низ американската територија Гуам во западниот Пацифик.

Тајфунот е проследен со силни ветрови со постојана брзина од 155 километри на час и налети до 190 километри.

Метеоролозите предвидуваат дека планинските делови на Филипините ќе бидат поштедени од директен удар од тајфунот, а анализите покажуваат дека бурата се врти североисточно кон Тајван или јужна Јапонија. јт/

Фото: НАСА

Остани поврзан