• недела, 22 декември 2024

Филипини ќе ја отстранат кинеската бариера во Јужното Кинеско Море

Филипини ќе ја отстранат кинеската бариера во Јужното Кинеско Море

Манила, 25 септември 2023 (МИА) - Филипини ќе ги преземат сите соодветни активности за отстранување на бариерите во спорната област на Јужното Кинеско Море, изјави денеска советникот за национална безбедност Едуардо Ано, додека Кина возврати дека презела чекори за отстранување на филипински брод. 

Филипините вчера објавија фотографии од пловечка бариера што го блокира пристапот до рибарските чамци, а во нејзина близина биле бродови на кинеската крајбрежна стража. Манила најави дека ќе ги заштити правата на своите рибари.

„Го осудуваме поставувањето пловечки бариери од страна на кинеската крајбрежна стража“, рече советникот Ано, додавајќи дека тоа „ги крши традиционалните риболовни права на рибарите“.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека бариерите се кршење на меѓународното право. „Филипините ќе ги преземат сите соодветни мерки за заштита на суверенитетот на нашата земја и егзистенцијата на нашите рибари“, нагласи Министерството.

Кинеската амбасада во Манила не одговори на барањето за коментар. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан