• недела, 22 декември 2024

Филипините ги осудуваат „незаконските“ акции на Кина во Јужното Кинеско Море

Филипините ги осудуваат „незаконските“ акции на Кина во Јужното Кинеско Море

Манила, 9 декември 2023 (МИА) - Филипините денеска ги осудија „незаконските и агресивни“ дејствија на Кина во Јужното Кинеско Море, велејќи дека кинеската крајбрежна стража употребила воден топ против брод на филипинската служба за риболов за време на нејзината редовна мисија за пополнување на залихи.

Филипинската работна група за Јужното Кинеско Море ја повика Кина да ги прекине своите „агресивни активности“ во Скарборскиот Гребен, на кој право полагаат двете земји.

„Водни топови беа употребени најмалку осум пати против филипинските цивилни бродови, оштетувајќи ја комуникациската и навигациската опрема“, соопшти Филипинската оперативна група на Јужното Кинеско Море.

Три филипински брода беа во мисија за снабдување за да испорачаат гориво и резерви за околу 30 рибарски бродови кај Скарборскиот Гребен.

Во соопштението се нагласува дека спречувањето на делењето хуманитарна поддршка не само што е незаконско, туку и нехумано. ссм/

фото: архива

Остани поврзан