• четврток, 26 март 2026

Фидан: Во мировните преговори околу војната во Украина мора да бидат вклучени двете страни

Фидан: Во мировните преговори околу војната во Украина мора да бидат вклучени двете страни

Анкара, 24 февруари 2025 (МИА) – И Украина и Русија, значи и двете страни, мора да бидат вклучени во преговорите за ставање крај на војната во Украина, изјави денеска шефот на турската дупломатија, Хакан Фидан.

-Додека денеска влегуваме во четвртата година од војната, придаваме големо значење на новата американска иницијатива. Веруваме дека решението може да се најде преку преговори во кои ќе учествуваат двете страни, изјави Фидан на прес-конференција во Анкара заедно со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Фидан додаде дека „Турција е подготвена да ја преземе улогата на посредник“.

-Нашата цел е да ставиме крај на оваа разорнувачка војна што е можно поскоро и да ги залечиме раните во регионот, рече тој.

Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе престане да се бори во Украина само кога ќе го добие тоа што го сака од разговорите за ставање крај на конфликтот што сакаат да го започнат рускиот и американскиот претседател.

Турција, иако е членка на НАТО, од почетокот на конфликтот успеа да ги одржи врските со Москва и Киев.

Таа ги снабдува Украинците со борбени беспилотни летала, но не се приклучи на западните санкции против Русија.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан